Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ле Пен објасни зошто планира да негува добри односи со Русија

Ле Пен објасни зошто планира да негува добри односи со Русија

Кандидатката за претседател на Франција, Марин Ле Пен објасни зошто планира да  негува добри односи со Русија. 

Вели дека би се ангажирала за соработка со Русија по војната во Украина, за да спречи алијанса на Москва и Пекинг, пренесува Политико.

„Замислете да го оставиме првиот произведувач на суровини во светот – Русија, да креира алијанса со првата фабрика во светот – Кина, и заедно да ја направат главната воена сила во светот. Верувам дека тоа е потенцијално голема опасност“, укажа Ле Пен.

Таа планира да го укине носењето хиџаб на јавни места за што доби критики. Во вториот круг од изборите, Ле Пен и актуелниот претседател Емануел Макрон ќе се ги измерат силите. Французите ќе гласаат на 24 месецов. 

Слично

Поврзани вести