ЛЕ ПЕН: Имаме сериозни шанси да имаме апсолутно мнозинство во Националното собрание
Претседателката на француската десничарска партија Национален собир (РН), Марин Ле Пен, денеска изјави дека нејзината партија има сериозни шанси за апсолутно мнозинство во францускиот парламент и ги повика граѓаните да гласаат на изборите в недела.
„Имаме сериозни шанси да имаме апсолутно мнозинство во Националното собрание“, изјави Ле Пен за CNews, иако анкетите покажаа дека таквото сценарио е помалку веројатно, пишува „Гардијан“.
Во првиот круг од изборите, кој се одржа на 30 јуни, РН освои околу 34 отсто од гласовите.
Француската екстремно десничарска партија Национален собир (РН) најверојатно нема да освои апсолутно мнозинство во вториот круг од парламентарните избори в недела, покажуваат резултатите од анкетата на „OpinionWay“ за економскиот дневен весник „Еко“Според анкетата, Национачлен собир ќе освои меѓу 205 и 230 места во француското Собрание, левичарскиот Нов народен фронт 145-175, а центристичката Алијанса на францускиот претседател Емануел Макрон 130-160 места.
Парламентарните избори во Франција се одржуваат во два круга, во 577 изборни единици каде се избираат исто толку пратеници, па за апсолутно мнозинство во Националното собрание на победничката партија и се потребни најмалку 289 пратенички места.
