Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ле Пен: Грција да преговара со ЕУ за излез од еврозоната

Ле Пен: Грција да преговара со ЕУ за излез од еврозоната

Лидерката на францускиот Национален фронт Марин Ле Пен изјавила дека Грција треба да преговара со Европската унија за координирано излегување од еврозоната и дека гледа ризик од непопуларност за властите во Атина, ако се прекине политиката за штедење.

Ле Пен го поддржа во јануари доаѓањето на власт на СИРИЗА, бидејќи според неа се што придонесува за отворање на дебатата за економиите на земјите и ЕУ е позитивно.

Лидерката на крајнодесничарската партија изјавила во интервју за грчката телевизија „Мега“, дека единствената иднина за земјата е излез од еврозоната.

„Грците треба да вратат својата национална валута“, изјавила Ле Пен.

Ле Пен, предупреди дека ако владата на Ципрас ги продолжи мерките за штедење на ЕУ ќе им се случи пад на популарноста.

Во своето интервју таа исто така, изјавила дека ќе се распраша меѓу народот за излегувањето на земјата од ЕУ доколку биде избрана за претседател на изборите во 2017 година „Идејата ми е да им кажам на луѓето дека ако ме изберат ... за шест месеци најдоцна ќе има референдум“, изјавила Ле Пен.

„Европската унија е смрт, смрт за нашата економија, нашиот општествен систем и нашиот идентитет“, изјавила Ле Пен за грчката телевизија.

Слично

Поврзани вести