Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ле Пен го критикуваше Зеленски, барал премногу, и кажа дека Крим го смета за руски

Ле Пен го критикуваше Зеленски, барал премногу, и кажа дека Крим го смета за руски

Кандидатката за претседател на Франција, Марин Ле Пен го критикуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски. Таа вели дека тој бара премногу од Западот. 

Ле Пен прецизираше зошто се противи на употребата на терминот „геноцид“.

„Геноцидот има многу јасна правна дефиниција и не се вклопува во ситуацијата“, рече Ле Пен.

Таа изјави дека не верува во можноста Русија да се изолира на меѓународната сцена. За неа Русија е голема светска сила, изјави за Франс 2, пренесе ТАСС. Ле Пен го смета Крим за руски и не жали поради забраната за влез во Украина. Вели дека тој 26 години бил украински, но сега луѓето сакаат да се обединат со Русија. 

Таа изјави дека по завршувањето на војната ќе работи на зближување на НАТО и Русија, доколку ја добие довербата од граѓаните да ја води Франција. 

Слично

Поврзани вести