Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ле Пен ги повика Французите да купуваат француски производи

Ле Пен ги повика Французите да купуваат француски производи

Kандидатката на крајната десница за претседател на Франција, Марин Ле Пен повика да се произведува и конзумира француска храна, пренесоа американските медиуми.

Ле Пен денеска посети фабрика за храна кај Париз и изјави дека француската влада треба да го поттикнува производството и потрошувачката на француско месо.

„Да го охрабриме јадењето на она што е француско,  особено во училишните кантини, каде нашите деца треба да можат да консумираат здрави, квалитетни производи"- рече таа.

Таа беше исвиркана од некои работници кај штандовите за овошје и зеленчук.

Слично

Поврзани вести