Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ле Пен: ЕУ ќе се распадне како СССР

Ле Пен: ЕУ ќе се распадне како СССР

Европската унија претставува „меѓународна аномалија“ и оти ќе ја снајде истата судбина како и Советскиот сојуз, изјави лидерот на крајната десница во Франција Марин ле Пен.

- На Европската унија, исто како и на Советскиот сојуз, и нема спас. Сакам Европа повторно да стане унија на суверени држави, рече Ле Пен за француското радио РФИ, истакнувајќи дека европскиот блок „ќе се распадне исто како што се распадна Советскиот сојуз“.

Според неа  распаѓањето на СССР не дошло „до смрт на земјите-членки и тоа не би се случило ниту со членките на ЕУ“.

- Тоа го предлагам за Европа...да се врати на просперитетот и безбедноста во контекст на соработка на државите кои слободно можат да соработуваат или не соработуват ако сметаат дека тоа не е во интерес на нивните народи, рече таа.

Лидерот на францускиот Национален фронт ја даде изјавата во период кога во Франција се најавени отпуштања на повеќе стотици работици, истакнувајќи дека за кризата на пазарот на труд е виновна „неправедната конкуренција“ како од земјите од ЕУ, така и од оние надвор од неа. 

Слично

Поврзани вести