Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ле Пен добила голема поддршка во прекуокеанските територии

Ле Пен добила голема поддршка во прекуокеанските територии

Според пишувањето на медиумите, десничарката Марин Ле Пен добила голем број гласови во прекуокеанските територии, а центристот Емануел Макрон води во Франција. 

Изненадувачки се првите резултати од претседателските избори во Франција, кои доаѓаат од прекуокеанските француски територии. Тоа се островите Свети Петар и Микелон, Гвајана, Гвадалупе, Мартиник и други. Таму кандидатката Марин Ле Пен освоила над 60 отсто од гласовите, а Макрон не надминал 40 отсто. За првите резултати од Франција, јавноста мора да почека до 20 часот, до кога трае гласањето, односно изборниот молк. Актуелниот претседател Макрон  освои 89 отсто од гласовите во Аргентина, 86 отсто во Бразил, 87 отсто во Чиле, 86 отсто во Канада (нема резултати од Ванкувер) и 92 отсто во САД (без Чикаго и Њу Орлеанс). Многу земји го чекаат исходот од овие избори и кој ќе биде идниот претседател на Франција. 

Слично

Поврзани вести