Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛАЖНИ КИНЕСКИ ВАКЦИНИ ПРОДАДЕНИ ВО БОЛНИЦИ ПО ЕНОРМНО ВИСОКИ ЦЕНИ: Селски лекари вакцинирале население со физиолошки раствор

ЛАЖНИ КИНЕСКИ ВАКЦИНИ ПРОДАДЕНИ ВО БОЛНИЦИ ПО ЕНОРМНО ВИСОКИ ЦЕНИ: Селски лекари вакцинирале население со физиолошки раствор

Кинеските власти го уапсија водачот на групата која продаваше солена и минерална вода како вакцина против корона вирусот. Човекот, идентификуван како Конг, прво детално испитал како изгледа вистинскиот пакет вакцини, а потоа направил повеќе од 58.000 лажни, пренесува Би-Би-Си.

Серија од овие лажни вакцини се шверцувани и во странство, но не е познато каде завршиле.

Конг е еден од 70-те лица уапсени во Кина за слични злосторства. Иако повеќето лажни вакцини се појавија на пазарот минатата година, повеќето детали за овие измами беа објавени дури во текот на овој месец.

Според судската одлука, Конг и неговите соработници заработиле 18 милиони јуани со продажба на лажни вакцини, што е околу 2,78 милиони американски долари. Околу 600 вакцини биле испратени во Хонг Конг во ноември минатата година, а потоа и во странство, додека некои дури биле продадени во болници по енормно високи цени. Криминалците, исто така, спроведувале свои програми за нелегална вакцинација. Селските лекари го вакцинирале локалното население со лажни вакцини.

ФОТО/REUTERS

Слично

Поврзани вести