Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лажна вест за апсење на Абрамович,потонаа неговите акции

Лажна вест за апсење на Абрамович,потонаа неговите акции

 Џон Ман, адвокатот на Роман Абрамович демантираше денеска дека рускиот олигарх и милијардер е уапсен во САД. Тој информираше дека тврдењето на некои руски интернет медиуми дека ФБИ го уапсиле Абрамович и го задржиле во притвор се неточни.

„Абрамович се наоѓа во Њујорк,но не е уапсен“,изјави Ман за лондонските медиуми.

Сепак веста за наводното апсење на петиот најбогат човек во Русија и 50-ти на листата на најбогатите во светот, според списанието „Форбс“ предизвика бранување на лондонската берза.

За 6% падна вредноста на акциите на неговата компанија „Евраз“ со седиште во Лондон откако се појави веста за апсењето. Сепак тој Њујорк заминал приватно со својата јахта „Еклипс“ вредна од 1,5 милијарди долари за да присуствува на породувањето на неговата партнерка Даша Жукова. Тоа ќе биде седмото дете на Абрамович од неговите претходни бракови и врски.

Фирмата „Евраз“ се занимава со челик и таа се создаде по спогодбата што Абрамович успеа да ја издејствува со „Норилск никел“ најголемиот светски производител на никел.

Според „Форбс“ Абрамович има лично богатство од 14 милијарди долари.
Слично

Поврзани вести