ЛАЖНА ТРУДНИЦА ИМАЛА НАМЕРА ДА СЕ РАЗНЕСЕ ВО МОНПЕЛИЈЕ? Во „стомакот“ сокрила огромна БОМБА
Полицијата во Монпелје уапсила жена (23) која носела лажен труднички појас поради сомневање дека сакала да изврши самоубиствен бомбашки напад.
Таа е французинка муслиманка, а уапсен е и нејзиниот маж (35), како што соопштила локалната полиција.
Според извештаите кои се појавиле во француските медиуми, полицијата ја претресла нивната куќа и пронашла лажен труднички стомак кој е купен од интернет. Најверојатно жената добила и посебен третман во текот на патувањето поради нејзиниот „труднички“ стомак.
Инспекторите тврдат дека бил обвиткан во алуминиумска фолија кој потенцијално може да помогне во маскирање на објектот и заштита од детекторите за метал.
Парот гледал „премногу вознемирувачки“ видео снимки кои на интерент сведочат за злочините на „Исламска држава“, судејќи по извештаите на полицијата кои ги пренесе „Ла Парисиен“.
Тие наводно се сеуште во куќен притвор а истрагата продолжува и понатаму.
