Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лажен профил на BBC ja „погреба" англиската кралица

Лажен профил на BBC ja „погреба" англиската кралица

Лажен профил на БиБиСи објави на „Твитер" дека англиската кралица Елизабета Втора починала.

Профилот @BBCNewsUKI веќе е избришан. Но, веста е споделена повеќе од 200 пати и предизвика бројни реакции на социјалната мрежа.

Англискиот таблоид „Дејли мирор" објави дека веста е лажна и дека „Твитер“ профилот е лажен.

Меѓу измамените беа и некои познати личности, новинари, па дури и францускиот амбасадор во САД,  Жерар Аро, кој исто така ја сподели веста пред да сфати дека е лага.

Корисникот @thefilmcynic пак пишува дека налетал на веста за смртта на кралицата Елизабета, но не би се изненадил ако и тоа се случи во текот на оваа година, алудирајќи на светски личности, кои ги загубија животите.



Слично

Поврзани вести