Лавров: Западот и натаму сака да биде господар на Балканот
Русија нема ништо против земјите од Балканот да се интегрираат во ЕУ, но од друга страна предупредува дека САД и западно-европските земји сакаат да воспостават целосна доминација и да ги потчинат во своја корист.
- ЕУ има некои планови во тој поглед. Преговарачките процеси се во тек, а тука се вклучени Србија, заедно со Косово, Македонија и Црна Гора, истакна рускиот монистер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Тој додава дека Русија нема ништо против тие земји да станат дел од европската економска интеграција.
- Тоа е природно бидејќи географската положба предвидува заеднички механизми, заеднички простор и пазар, но се надеваме дека во иднина тој економски простор ќе го бара и останатиот дел на Евроазија, нагласи шефот на руската дипломатија.
