ЛАВРОВ ЗА КРИМ И КОСОВО: Западот смета дека Словените немаат право на самоопределување за разлика од Албанците
Русија нема да се откаже од четирите региони во Украина кои ги окупираше.
Ова го повтори шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров. Споредувајќи ги ситуациите во Косово и на Крим, Лавров кажа дека Западот се спротивставил на референдумот во Крим, а го поддржал едностраното прогласување независност на српската покраина поради, како што рече, расизам.
„Не, вие не можете, вие сте Словени, а ние имаме Албанци. Тоа се расистички работи. Ние веќе никому ништо не му должиме, ќе се однесуваме како што сакаме“, изјави Лавров во интервју за „Комерсант“.
Како што кажа Лавров, Западот смета дека Словените немаат право на самоопределување за разлика од Албанците. Русија на 24 февруари во 2022 година ја нападна Украина и окупираше дел од нејзината територија.
Слично
