Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лавров вели дека предлозите на Киев за нив се неприфатливи

Лавров вели дека предлозите на Киев за нив се неприфатливи

Русија го отфрли нацрт-мировниот договор на Украина. 

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров изјави дека нацрт-мировниот договор што Киев и го предложил на Москва содржи „неприфатливи елементи“, но дека Русија ќе продолжи со преговорите и ќе работи на исполнување на сопствените безбедносни барања. Вели дека во новиот украински нацрт се наведува дека на средбата на претседателите на двете земји треба да се постави прашањето за статусот на Крим, кој Москва го анектираше во 2014 година. Се наведува дека Украина би можела да одржува воени вежби со странски држави без да добие дозвола од Русија, со што Москва не се согласува.

Лавров вели дека мировните преговори Москва-Киев не напредуваат толку брзо како што би сакале. Тој кажа дека предлозите на Киев се неприфатливи. На 24 февруари Русија ја почна инвазијата на Украина. Русија бара нивниот сосед да биде воено неутрален, да се денацифицира, а Крим, Доњецк и Луганск да се припојат. 

Слично

Поврзани вести