Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лавров вели дека чекаат реални предлози за преговори со Украина

Лавров вели дека чекаат реални предлози за преговори со Украина

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров вели дека Русија е подготвен за разговори си Украина. 

„Руското раководство, вклучително и претседателот Владимир Путин, сѐ уште се спремни за разговори за Украина“, изјави  Лавров во интервју за филмот „Свет на работ. Лекции од кубанската ракетна криза“. 

Вели дека сакаат да чујат какви предлози имаат западните партнери за деескалација на тензиите. 

„Ако ни се пристапи со некои реални предлози врз основа на принципите на еднаквост и почитување на меѓусебните интереси, насочени кон наоѓање компромиси и балансирање на интересите на сите земји, секако дека ќе реагираме, како што секогаш сме реагирале во минатото“, рече Лавров.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека платформата за разговорот меѓу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Џозеф Бајден би можела да биде желбата на САД да ја слушнат загриженоста на Русија за одредени прашања. 

Украина вели додека трае војната нема преговори.  Украинските власти тврдат дека Русија досега изгубила над 70.000 војници.  Војната почна на 24 февруари годинава.

Слично

Поврзани вести