Лавров тврди дека Западот сака да ја распарчи и ослабне Русија
Во оваа ера, Русија нема на кого да се потпре освен на себе, вели рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров.
Лавров додаде дека Русија е свесна за неспособноста на Западот да преговара и да ги почитува обврските и дека нејзините ветувања дека нема да го прошири НАТО на исток и дека ќе се придржува до принципот на неделива безбедност може да бидат „фрлени во ѓубре“.
Лавров изјави дека оваа земја постои долг историски период и дека Западот од самиот почеток е фокусиран да ја распарчи и ослабне.
„Како што гледаме, реакцијата на Западот на спроведувањето на специјалната воена операција јасно покажува дека задачите на Западот од самиот почеток биле глобални и насочени кон слабеење и распарчување на нашата земја“, рече Лавров, пренесува ТАСС.
Русија на 24 февруари ја почна инвазијата на Украина, и едно од барањата беше Украина да не влезе во НАТО. Нема изгледи дека за брзо време војната ќе заврши.
Имаше предлог да не им се даваат визи на Русите за влез во ЕУ, но тоа не се оствари засега.
