Лавров: Труповите во Буча се лажна провокација за да се загрозат преговорите
Прикажувањето во светските медиуми на фотографии направени во украинскиот град Буча на кои се гледаат трупови на улица, како и масовни гробници, предизвика бран на осуда кај меѓународната заедница.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека откривањето на трупови во украинскиот град Буча е „провокација“ чија цел е да ги загрози тековните руско-украински преговори.
„Прашањето е - која е целта на оваа отворена и лажна провокација... Наведени сме да веруваме дека таа се користи за да се најде изговор за да се загрозат тековните преговори“, рече Лавров во видео пораката емитувана на руската телевизија.
Прикажувањето во светските медиуми на фотографии направени во украинскиот град Буча на кои се гледаат трупови на улица, како и масовни гробници, предизвика бран осуда од меѓународната заедница.
По состанокот со украинската страна во Истанбул минатата недела, Русија најави дека драстично ќе ги намали воените активности на северот на Украина.
Украина од своја страна предложи меѓународен договор кој ќе ја гарантира нејзината безбедност. Украина тогаш ќе прифати ненуклеарен и неутрален статус, ќе се откаже од членството во НАТО и ќе одобри присуство на странски трупи на нејзина територија.
Според украинските предлози, Русија не треба да се противи на влезот на Украина во ЕУ.
Кремљ сѐ уште официјално не одговорил на тие предлози, а преговорите продолжија преку видео-конференција.
