Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лавров соопшти што бараат од Украина

Лавров соопшти што бараат од Украина

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров соопшти што бараат од Украина за да прекине војната. 

Тој денеска изјави дека руско-украинските преговори продолжуваат за обезбедување на воена неутралност на Украина, во контекст на нејзината демилитаризација.

„Продолжуваат преговорите за обезбедување на воена неутралност на Украина, во контекст на безбедносни гаранции за сите учесници во процесот, во контекст на демилитаризацијата на Украина, за да нема закани за Русија од нејзината територија и во контекст на прекинување на политика за нацификација на земјата“, рече Лавров. 

Киев и Москва денеска ја продолжија четвртата рунда преговори, соопшти шефот на украинската преговарачка делегација Михаил Подољак, информирајќи дека на дневен ред се преговорите за прекин на огнот. 

„Обновени се консултациите за главната платформа за преговори. Се работи за општа регулатива, прекин на огнот, повлекување на војниците од територијата на земјата“, напиша тој на Твитер.

Денеска е 20-ти ден од почетокот на војната во Украина. 

Слично

Поврзани вести