Лавров се закани на убијците на Дарја Дугина, нејзиниот татко пак се залага за руска империја
Нема да има милост за убијците на Дарја Дугина, вели рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров. Вели дека тоа е варварско злосторство за кое нема да има прошка.
„Не смее да има милост за организаторите, командантите или извршителите”, рече Лавров.
Руските безбедносни служби ги обвинија украинските тајни служби дека го поставиле експлозивот во автомобилот на Дугина. Украина негира каква било вмешаност.
Eстонија се оградува дека таа е во нивната земја и дека таму се крие. Дугина загина во саботата при експлозија на бомба поставена во нејзиниот автомобил близу Москва.Нејзиниот татко Александар Дугин (60), кој со години се залага за создавање нова руска империја што ќе вклучува територии на земји како Украина, пред присутните на погребот нагласи дека неговата ќерка умрела за Русија.
Слично
