Лавров се закани на сите кои со оружје ја помагаат Украина
Русија предупреди дека сите што ќе донесат оружје во Украина ќе бидат воени цели.
Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров се закани дека сите транспортери кои би можеле да донесат оружје во Украина ќе бидат прогласени за воени цели. Лавров вели дека Москва нема да дозволи испорака на противвоздушни ракетни системи С-300 на Киев од други земји.
„Јасно ставивме до знаење дека секој товар што ќе влезе на територијата на Украина, за кој веруваме дека носи оружје, ќе стане легитимна цел. Тоа е сосема разбирливо“, рече министерот за надворешни работи, пренесува РИА.
За санкците кои западот ги наметна поради војната во Украина, вели дека само ги прават посилни и дека се навикнати на санкции. Русија на 24 март ја почна инвазијата на Украина.
Слично
