Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лавров се исмева дека ако Украина влезе во ЕУ, блокот ќе се распадне

Лавров се исмева дека ако Украина влезе во ЕУ, блокот ќе се распадне

Рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров, иронично го поддржа влезот на Украина во Европската Унија(ЕУ), тврдејќи дека тоа ќе доведе до распад на самиот блок. Тој ја даде изјавата на прес-конференција во Москва по средбата со неговиот турски колега Хакан Фидан, пренесуваат руските медиуми.

„Со оглед на внатрешните проблеми на Европската Унија, можеби не е лошо ако Украина се приклучи. Тогаш таа едноставно би се распаднала“, изјави Лавров.

Тој додаде дека пристапувањето на Киев во Европската Унија ќе го искористат оние кои сакаат да го милитаризираат тоа политичко здружение.

Минатиот петок, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека сите земји-членки се согласиле да започнат суштински преговори за влезот на Украина. Украина доби статус на кандидат за членство во Европската Унија во јуни 2022 година.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски постојано повикуваше Киев да се приклучи на Унијата до 2027 година. 

Украина и Молдавија вчера ги почнаа преговорите. 

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести