Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лавров: САД ги мотивира ИСИС да убиваат руски војници

Лавров: САД ги мотивира ИСИС да убиваат руски војници

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров истакна сериозни обвинувања на сметка на САД за состојбата во Сирија. 

Според него американската армија ги мотивира терористите и сириската опозиција да ги напаѓаат руските војници кои и асистираат на војската на Асад. На тој начин се загрозуваат животите на рускиот воен персонал, а се оди во прилог на задржување на позициите кои ги има ИСИС. 

Во интервју за весникот „Аш Шарк ал аусат” Лавров истакна дека сите играчи треба да ги напуштат геополитичките амбиции и да промовираат целосно обновување на стабилноста и безбедноста во Сирија, исто така и во целиот Блиски Исток и Северна Африка.


Слично

Поврзани вести