Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лавров: Русија одамна има војници во Сирија 

Лавров: Русија одамна има војници во Сирија 

Русија има свои војници во Сирија и тоа многу години наназад. Доделена им е воена опрема и хуманитарна помош во земјата. Ова го објави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, пренесоа агенциите.

Москва не негираше дека го засилува своето воено присуство во Сирија, со што му помага на режимот на Башар ал Асад, какви што сомневања искажаа американски официјални извори. Според нив Русија пренесува и борбени бродови, оклопни возила и маринци.

„Никогаш не сме го криеле своето воено присуство во Сирија“, истакнал Лавров. Тој објаснил дека руските војници во земјата, се за да ја обучуваат локалната армија како да го користи оружјето со кое се бори против терористите од „Исламската држава“ (ИД) и други екстремистички групи. „Руските авиони испорачуваат во Сирија воена опрема согласно постоечките договори и хуманитарна помош. Во зависност од тоа каков товар пренесуваме, ги бараме потребните дозволи за согласност со меѓународните норми“, објаснил Лавров. Истовремено, тој посочи дека Москва сака да избегне повторување на „либиското сценарио“ и затоа е подготвена да покаже поголема воена помош на Дамаск, ако Асад побара таква.

Лавров ја отфрлил загриженоста на американскиот колега Џон Кери, на кој му објаснил дека со помошта за Асад, Русија ги попречува напорите на Западот да се бори со „ИД“ чии спонзори требало да дадат уште средства за џихадисти и така да ги зајакнат. „Тоа е логика свртена наопаку и уште еден обид да се помогне на оние кои ги користат терористите во борбата со незгодниот режими“, објаснил Лавров.

Слично

Поврзани вести