Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛАВРОВ ПРВ ПАТ ВО КИНА ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: Само две работи можат да доведат до крај на војната

ЛАВРОВ ПРВ ПАТ ВО КИНА ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: Само две работи можат да доведат до крај на војната

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров првпат се среќава со својот кинески колега Ванг Ји откако Москва започна воена инвазија во Украина на 24 февруари. За разлика од многу западни и некои азиски земји, Пекинг одби да ја осуди Москва и ги отфрли повиците за воведување санкции кон Русија.

Соседните земји ќе работат на постигнување „мултиполарен, праведен и демократски светски поредок“, рече Лавров по пристигнувањето во Тункси, град во источната кинеска провинција Анхуи. Пекинг тврди дека економските ограничувања ја нарушуваат светската трговија и нема да го решат конфликтот и дека само дијалогот и дипломатијата можат да доведат до мир.

ТАСС ја цитираше изјавата на Ванг дека и покрај „новите предизвици“ во врските меѓу двете нации, „волјата на двете страни да развијат билатерални односи стана уште посилна“.

Овој месец министерот Лавров рече дека односите на Кина со Русија се „еден од најважните билатерални односи во светот“ и го окарактеризира пријателството меѓу двата народи како „железно“.

Русија сега побара Украина официјално да се прогласи за неутрална земја која никогаш нема да се приклучи на воениот блок на НАТО предводен од САД. Киев вели дека руската офанзива била целосно неиспровоцирана и ги негираше тврдењата дека планира насилно да ги врати двете републики.



Слично

Поврзани вести