Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛАВРОВ ПРИСТИГНА ВО ЊУЈОРК: Прва посета од почетокот на конфликтот во Украина, ќе седне на иста маса со Зеленски (ВИДЕО)

ЛАВРОВ ПРИСТИГНА ВО ЊУЈОРК: Прва посета од почетокот на конфликтот во Украина, ќе седне на иста маса со Зеленски (ВИДЕО)

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пристигна во Њујорк, каде на високо ниво ќе учествува на отворањето на Генералното собрание на ОН, пренесува „РИА Новости“.

Лавров последен пат го посети Њујорк во април, за време на руското претседателство со Советот за безбедност на ОН

Во пресрет на актуелната посета, руското Министерство за надворешни работи соопшти дека распоредот на министерот е „многу зафатен и постојано се проширува“.

Неделата на високо ниво на Генералното собрание на ОН се одржува во Њујорк од 19 до 25 септември.

Според зборовите на постојаниот претставник на Русија во ОН, Василиј Небензје, Лавров освен на билатерални средби ќе учествува и на низа мултилатерални настани преку БРИКС, ОДКС и Групата пријатели за одбрана на Повелбата на ОН.

Предвидено е министерот да се сретне и со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш.


Небензја изјави дека „САД не и понудиле на Русија билатерални средби на маргините на Генералното собрание на ОН, но доколку добие таков предлог, Москва ќе го разгледа, како и секој друг“.

Според него, на 20 септември е закажан состанок на Советот за безбедност на ОН за Украина на ниво на шефови на делегации, на кој ќе учествува и шефот на руската дипломатија.

Медиумите претходно објавија дека на истиот состанок на Советот за безбедност на ОН ќе учествува и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Ова ќе биде првпат од почетокот на Специјалната операција Зеленски и руските претставници да бидат на иста маса.

  - Реално ја оценуваме оваа средба, како и сите други политизирани западни иницијативи за украинската криза. Оценката е нула. Ова ќе биде уште едно шоу во кое главната улога ќе му биде доделена на украинскиот претседател - изјави претходно Небензја.

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести