Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лавров пристигна во Њујорк: 700.000 луѓе го следеа неговиот лет?

Лавров пристигна во Њујорк: 700.000 луѓе го следеа неговиот лет?

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пристигна во Њујорк каде ќе учествува на седниците на Советот за безбедност на ОН на 24 и 25 април, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„Сергеј Лавров пристигна во Њујорк. Утре ќе има седница на Советот за безбедност на ОН, со која тој ќе претседава“, напиша таа на својот канал Телеграм, пренесува руската прорежимска новинска агенција ТАСС.

„Над 700.000 луѓе го следеа летот на Лавров“, пренесува „Данас.рс“.

Захарова објави дека повеќе од 700.000 луѓе го следеле летот на Лавров до САД користејќи Flightradar.

Лавров денеска се очекува да се сретне со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Претходно, постојаниот претставник на Русија во ОН Василиј Небензја изјави дека Русија има многу теми за разговор.

Лавров покани високи дипломати од повеќе земји, вклучително и американскиот државен секретар Антонио Блинкен, да учествуваат на седниците на Советот за безбедност на ОН со кои претседава Русија.

Но, не е сигурно дали Лавров и Блинкен ќе се сретнат во ОН.

Лавров тврди дека Москва е подготвена да размисли за средба со Блинкен и не отфрла сериозни предлози од американската страна за дијалог.

Пред пристигнувањето на руската делегација во Њујорк, рускиот заменик министер Сергеј Рјабков изјави дека се уште нема планови за таква средба, пишува ТАСС, пренесува Индекс.

Слично

Поврзани вести