Лавров предупреди што ќе се случи доколку НАТО испрати мировни сили во Украина
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров предупреди дека испраќањето на мировни сили на НАТО во Украина ќе доведе до директен конфликт меѓу вооружените сили на Русија и Алијансата.
Претходно, пак, италијанскиот премиер Марио Драги изјави дека смета дека рускиот претседател Владимир Путин не е заинтересиран за прекин на огнот во Украина. Покрај тоа, Драги апелираше до Кина да не се приклучува на руската акција во Украина.
Руското Министерство за одбрана, пак, соопшти дека руските сили во вторникот погодиле украинско складиште за оружје пред северозападниот град Ривне, уништувајќи арсенал оружје и опрема. Министерството соопшти дека го погодило складиштето користејќи високопрецизно оружје со долг дострел истрелано од морето.
