Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛАВРОВ: Поддршката на Западот за Киев клучна во тоа како Русија ќе се позиционира

ЛАВРОВ: Поддршката на Западот за Киев клучна во тоа како Русија ќе се позиционира

Русија сака конфликтот во Украина да заврши, но ќе одговори на испраќањето западно оружје во Киев, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Според него, руските сили ќе реагираат на испраќањето западно оружје со долг дострел во Украина со потиснување на украинските сили подалеку од нивните граници.

На овој начин Русија планира да создаде, според него, „безбедна тампон зона“. 

Во интервју за руската државна телевизија, Лавров рече дека „сите би сакале конфликтот во Украина да заврши, но поддршката на Западот за Киев игра важна улога во тоа како Русија ќе се позиционира“.

Да потсетиме, Русија започна инвазија на Украина на 24 февруари минатата година, а Западот одговори на почетокот на војната со испраќање оружје и пари во Украина за да може да се одбрани.


foto: youtube screenshot

Слично

Поврзани вести