Лавров откри зошто нема планиран состанок меѓу Путин и Зеленски
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров изјави дека не е планиран состанок на рускиот претседател Владимир Путин со украинскиот колега Володимир Зеленски.
„Нема планиран состанок. Путин е подготвен да се сретне со Зеленски, кога ќе биде подготвен дневен ред на тој самит. Апсолутно не е подготвен дневен ред“, изјави Лавров во денеска објавеното интервју за американската телевизија Ен-би-си.
Вели дека за некои прашања Русија покажала флексибилност.Зеленски изјави дека Украина мора да премине од одбранбени операции кон офанзивни напади за да изврши притисок врз Русија и да го приближи крајот на војната. Војната почна пред 3.5 години.
Слично
