Лавров откри што сакаат да постигнат со војната во Украина
Русија ја откри вистинската цел за војната во Украина.
Нападот врз Украина има цел да го пресече патот кон целосна доминација на САД и другите западни земји.
Рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров, во интервју за државната телевизија „Русија 24“ изјави дека ставот на Русија е променет и дека повеќе нема да има прекини на огнот поради преговорите.
„Нашата специјална воена операција е дизајнирана да стави крај на непромислената експанзија и непромислениот пат кон целосна доминација на САД и другите западни земји што се под нив на меѓународната сцена“, рече тој.
Лавров објасни дека таквата доминација се гради со грубо кршење на меѓународното право. Тој повторно ги нарече измислени и провокативни извештаите за руските воени злосторства врз цивилите во Буча и Крематорск во Украина.
„Независноста на Косово може да се признае без референдум, но на Крим, како резултат на референдумот, кој го следеа стотици објективни претставници на странски земји, јавноста на странски земји, тоа е невозможно“, истакна рускиот политичар.
Лавров исто така рече дека некои луѓе во фрагментираниот Донбас со години живеат под неонацистите.
На 24 февруари Русија ја почна војната во Украина. Русија бара воена неутралност на Украина, денацификација, припојување на Крим, Доњецк и Луганск.