Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лавров откри што понатаму со Вагнер, а Пригожин тврди не сакал да го собори Путин

Лавров откри што понатаму со Вагнер, а Пригожин тврди не сакал да го собори Путин

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, откри што ќе се случува понатаму со платеничката група Вагнер. 

„Руската паравоена група Вагнер ќе продолжи да дејствува во Мали и Централноафриканската Република“, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, пренесе АФП.

Лавров вели дека бунтот на групата во Русија кој се случи во сабота нема да влијае на руските односи со нејзините сојузници.

„Членовите на ’Вагнер’ работат во Мали и Централноафриканската Република  како инструктори. Таа работа, се разбира, ќе продолжи“, изјави Лавров за каналот РТ.

Рускиот министер изјави дека тие две држави побарале помош од Русија и Вагнер за обука на воени инструктори, бидејќи „Европа и Франција ги напуштиле“.

Пригожин попладнево објави 11-минутна аудио порака во која вели дека никој не се согласил да потпише договор со Министерството за одбрана и затоа неговата платеничка фирма требало да престане да постои на 1 јули.

Тој рече дека целта на неговиот марш кон Москва била да го спречи уништувањето на групата Вагнер.

Во видеото, Пригожин вели дека неговите луѓе отишле во Москва за да бараат од оние лидери кои ги обвини за „грешките“ во војната во Украина за да одговараат.

Тој негира дека неговиот „марш за правда“ имал за цел да го собори рускиот претседател Владимир Путин.

„Нашиот марш покажа сериозни безбедносни проблеми низ нашата земја, но никогаш не ни беше цел да го собориме сегашниот режим и легално избраната влада“, рече тој.

Рускиот државен врв преку белорускиот претседател Александар Лукашенко успеа да ги надмине разликите со Пригожин. 

Сè повеќе платеници од Непал, кои Русите ги викаат „Гурки“, аплицираат за работа во руската армија, привлечени од полесниот пат до државјанството.

„Командантите на Вагнер мислеа дека доколку потпишат со Министерството за одбрана, ќе се претворат во топовско месо поради начинот на кој редовната армија настапуваше во акциите“, вели Пригожин. 

Тој додаде дека некои борци решиле да се приклучат на силите на Министерството за одбрана, но дека тоа е малцинство. Во нападот на кампот, му загинале 30 борци. 

На 16 мај Путин потпиша декрет со кој се поедноставува процедурата за добивање руско државјанство за оние кои се приклучуваат на руската армија. Таа понуда е исклучително привлечна за младите мажи од Непал, каде невработеноста е исклучително висока. 

Слично

Поврзани вести