Лавров обвини дека Западот ги ограбува
Русија обвини дека Западот сака да ги ограби.
Рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров, денеска изјави дека иницијативата на шефот на европската дипломатија Жозеп Борел да се замрзнат средствата на Русија во западните банки и да им се дадат на Русија, претставува „грабеж“. Лавров вели дека тие не го ни кријат овој грабеж. Тој вели дека Европа нема своја политика, туку ја следи Америка. Лавров денеска го обвини и Западот и поради замрзнување на средствата на Централната банка на Авганистан, истакнувајќи дека тие пари нема да бидат искористени за потребите на луѓето во таа земја. Лавров и минатата недела го обвини Западот за кражба на 300 милијарди долари од руските девизни резерви. Русија е предмет на санкции откако ја почна војната во Украина. Многу европски земји запленија и имоти на руски богаташи.
