Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лавров обвини дека оружјето што Западот го дава на Украина се продава на црниот пазар во Албанија и Косово

Лавров обвини дека оружјето што Западот го дава на Украина се продава на црниот пазар во Албанија и Косово

Русија тврди дека оружјето кое Украина го добива од странски земји завршува на црниот пазар. 

Тврдат дека преносливите ракетни системи „Стингер“ и противтенковските системи „Јавелин“ што Западот и ги доставува на Украина веќе се продаваат на црниот пазар. 

„Оружјето што ѝ го давате на Украина се продава на црниот пазар во Косово и Албанија“, му порача на Западот, рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров. 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека руската инвазија е еднаква на агресија врз цела Европа и дека колку повеќе оружје Украина добие од Запад, толку побрзо ќе може да ја ослободи својата  земја. Франција ќе ја засили испораката на оружје во Украина. Претседателот на САД, Џо Бајден најави дополнително оружје за Украина, вредно милијарда долари. За новото оружје, Бајден телефонски го известил украинскиот претседател Володимир Зеленски.

foto EPA/ FABIO FRUSTACI

Слично

Поврзани вести