ЛАВРОВ: Обидите на голем број земји од ЕУ да ги спречат авионите на европските лидери да летаат за Москва се срамни
Руските власти се бесни затоа што некои земји не дозволија прелет на делегациите кои ќе присуствуваат на прославата на Денот на победата во Москва на 9 мај.
„Обидите на голем број земји од Европската Унија да ги спречат авионите на европските лидери да летаат за Москва за да го прослават Денот на победата на 9 мај се срамни“, изјави рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров.
На 9 мај, Русија ја одбележува 80-годишнината од победата над фашизмот во Втората светска војна со парада на Црвениот плоштад во Москва и низа други настани. Се очекува да присуствуваат повеќе од 20 светски лидери.
Од соседството, во Москва замина српскиот претседател Александар Вучиќ.
Слично
