ЛАВРОВ: Не одбиваме ниту билатерални ниту трилатерални средби
Москва не отфрла никакви формати на работа за украинско решение, вклучително и билатерални или трилатерални, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за телевизијата „Русија-24“.
-Ние не одбиваме никакви форми на работа - ниту билатерални ниту трилатерални, претседателот (на Русија Владимир Путин) го кажа ова повеќе од еднаш. Главната работа е дека - сите формати треба да се користат не за некој да пишува во весниците наутро или да се појавува на телевизија навечер, или потоа да озборува на социјалните мрежи, туку за чекор по чекор, постепено, почнувајќи од експертско ниво, а потоа поминувајќи низ сите потребни чекори, да се подготвуваат самити. Секогаш ќе поддржуваме таков сериозен пристап, рече министерот.
Тој додаде: „Сите контакти со учество на национални лидери мора да бидат подготвени со најголема темелност“.
