Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лавров: Москва е зачудена од отворениот притисок врз Киев

Лавров: Москва е зачудена од отворениот притисок врз Киев

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека Москва е „зачудена од отворениот притисок врз украинската Влада“ за да направи избор во корист на Европа, јави ИТАР-ТАСС.

- Самиот повик соддржи внатрешна противоречност - на една суверена држава истовремено и се негира правото самостојно да решава за својата ситуација и да дејствува според своите закони и национални интереси, изјави Лавров за време на дебата во руската Државна дума.

Русија го уважува суверениот избор на Украина и смета дека Киев ќе успее да се справи со натрупаните проблеми, дејствувајќи „уставно и правно“, додаде тој.

Од крајот на ноември опозицијата во Украина организира протести против претседателот Виктор Јанукович, поради одбивањето на властите да го потпишат подготвениот договор  за асоцијација на земјата со ЕУ.

- Европскиот парламент активно го подготвува својот „список Магнитски“ и се обидува „Русија да ја учи на демократија“, при тоа доста агресивно, а не преку дијалог врз основа на взаемно почитување, изјави шефот на руската дипломатија.

Според Лавровм, во Европа и во светот нема никој кој е идеален од аспект на човековите права.

- Русија, меѓутоа, никому ништо не нематнува во рамки на својот Евразиски интегративен проект. Тој се гради на ниво на реални економски интереси, заеднички активности на развојот на плодотворната соработка за зацрвстување на регионалната и меѓународната стабилност, потенцира Лавров.

Слично

Поврзани вести