Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лавров: Москва е подготвена на дијалог

Лавров: Москва е подготвена на дијалог
Москва е подготвена за рамноправен дијалог со своите партнери во странство за ситуацијата во Украина, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. - Подготвени сме за рамноправен дијалог со партнерите од странство за да им помогнеме на различните страни во Украина да излезат од кризата, рече Лавров по средбата со колегата од Таџикистан Сироџидин Аслов. - Тој дијалог со западните партнери на Москва треба да биде чесен, без обиди Русија да се претстави како една од страните во конфликтот, предупреди шефот на руската дипломатија. - Кризата не е создадена од нас и ние не сме дел од неа, потенцираше Лавров. Вршителот пак на должноста министер за надворешни работи на Украина Андриј Дешчица изјави денеска дека неговата земја нема да го предаде Крим и ќе направи се што е можно за решавање на кризата со автономната република по мирен пат. - Криме е и ќе биде украинска територија и ние не го даваме Крим никому, истакна Дешчица на прес-конференција во Киев.
Слично

Поврзани вести