Лавров: Киев поставува услови за прекин на огнот
Москва на преговорите во Берлин се изјасни дека во Украина е неопходен безусловен прекин на огнот, а Киев и понатаму поставува услови, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, пренесува „РИА Новости“.
„Ние ја потврдивме нашата руска позиција, која е изложена во повеќе случаи, а се состои во тоа дека прекинот на огнот мора да биде безусловен. Украинските колеги, за жал, и понатаму поставуваат разни услови, и тоа прилично нејасни, вклучувајќи ја, како што велат тие, непродорноста на границата“ додава тој.
Лавров истакна дека Русија „нема ништо против да контролата на режимот за премин на границата биде максимално ефикасен“. „Ние правиме се што зависи од нас“, додава тој.
Слично
