Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лавров: Киев да престане да покажува со прст кон Москва

Лавров: Киев да престане да покажува со прст кон Москва

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го повика Киев директно да разговара со проруските сили во источна Украина а не да покажува со прстот кон Москва обвинувајќи ја за судирите.

-Неопходно е да ги продолжите преговорите, наместо да го вперувате прстот во Русија и припадниците на проруската милиција. Неопходно е со нив да се разговара како учесници во преговарачкиот процес, а не како тие да се исклучиво дополна за Контакт групата - рекол Лавров.

Коментирајќи го ставот на украинското Министерство за надворешни работи дека Киев очекува од Москва да реагира на прекин на преговорите од Минск, Лавров наведува дека Москва го повикува Киев да го продолжи дијалогот со милицијата на истокот од Украина.

-Не можам да ги коментирам изјавите на претставниците на украинското Министерство за надворешни работи, тие даваат многу соопштенија кои подоцна излегува дека се невистина - наведува Лавров.

Слично

Поврзани вести