Лавров-Кери: Значаен директен дијалог на двете страни
Американскиот државен секретар Џон Кери и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров разговараа денеска за имплементацијата на мировната спогодба на истокот од Украина и го истакнале дирекниот дијалог на двете страни, соопштува руското министерство за надворешни работи.
„Нивниот разговор бил фокусиран на решавање на украинската криза врз основа на Мерката за спроведување на спогодбата од Минск- документите усогласени на 12 февруари со помош на лидерите на земјите од Форматот Минск“, се наведува во соопштението, јавува руската агенција Тас.
Во текот на разговорите нагласен е значајниот директен дијалог помеѓу владата во Киев и силите на самоодбрана на непризнатите Народни Републики Доњецк и Луганск.
„Министерот укажал на значајниот директен дијалог помеѓу Киев и Доњецк и Луганск, вклучувајќи брзо завршување на вооружените судири во подрачјето на Дебаљцево и ги повторил обврските на украинските власти да спроведуваат уставни реформи и да му обезбедат на Донбас специјален статус“, наведува руското министерство, додава Ројтерс. Кери и Лавров во телефонскиот разговор го разгледале распоредот на можните билатерални контакти околу Украина.
