Лавров: „Јужен поток“ не успеа заради противењето на Брисел
Русија никогаш не иницирала намалување на трговско-економските односи со Бугарија, изјавил рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за време на годинешнава прес конференција за надворешната политика.
„Јужен поток“, како што призна и Бојко Борисов, не и одговара на Унијата, изјави Лавров и додаде дека одделни земји - членки на ЕУ, се почесто се жалат дека ЕК донесува одлуки, без да се придржува кон нив.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/RusMission_EU/status/691900454415011841?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]Европа води опасна линија на однесување спрема Русија, особено заради зајакнување на границите на НАТО, предупреди Лавров.
Ние имаме интерес од една силна и обединета ЕУ, но нејзините одлуки мора да бидат засновани на рамнотежата на интересите на земјите членки, додаде тој.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/RusMission_EU/status/691889441187721216?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]„Политиката за спречување на Русија продолжува, иако е крајно време тоа да остане во историјата“, изјавил Лавров.
Русија беше водечки играч во многу од најважните светски настани минатата година, истакна Лавров, споменувајќи ги ударите во Сирија, преговорите помеѓу Владата во Дамаск и опозицијата, како и нуклеарниот договор со Иран.
По прашањето за Сирија Лавров истакна дека руската интервенција ја смени ситуацијата во земјата. „Резултатот е дека сега имаме многу појасна слика што се случува. Јасно е кој се бори со терористите, кој им е соучесник и кој се обидува да ги користи за своите себични цели“, изјави министерот, цитиран од „Ројтерс“. Одлуките на конфликтот треба да се потпираат на меѓународното право, смета тој.
Минските договори беа најголемо достигнување на 2015 година, но работата на нив треба да продолжи и во 2016 година, го коментира тој прашањето за Украина.
Русија нема да ги прифати назад барателите на азил, кои влегле во Норвешка, а кои Осло сака да ги депортира, изјави Лавров.
„Зборуваме за луѓе кои се дојдени тука за да работат или да ги посетат нивните блиски. Тие не ја кажуваат вистинската цел - да влезат во Норвешка. Тоа значи дека тие намерно лажеле за намерите спрема Руската Федерација. Затоа не сакаме да ги прифатиме овие луѓе назад во Русија“, рекол тој.
