Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лавров ја опомена Молдавија дека ако ги нападнат нивните мировници во Придњестровје тоа ќе се смета за напад на Русија

Лавров ја опомена Молдавија дека ако ги нападнат нивните мировници во Придњестровје тоа ќе се смета за напад на Русија

Секој напад врз војници во Придњестровје е напад врз Русија, вели шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров. 

Тој  изјави дека секоја акција што може да ги загрози руските мировници во молдавскиот сепаратистички регион Придњестровје ќе се третира како напад врз Русија.

„Сите треба да разберат дека секоја акција што ќе ја зголеми заканата по безбедноста на нашите војници ќе се смета, во согласност со меѓународното право, за напад на Руската Федерација“, потенцира Лавров.

Руските мировни сили се присутни во областа од 1992 година, кога Молдавија ја загуби контролата над Придњестровје по тримесечна војна. Во април имаше неколку експлозии во овој дел на Молдавија. 

Инаку, рускиот претседател Владимир Путин денеска ја посети руската балтичка енклава Калининград, сместена меѓу две земји членки на НАТО и на Европската унија, во екот на засилените тензии меѓу Москва и Западот поради војната во Украина која руската страна ја доживува како прокси војна на ткн „колективен Запад“ против Русија. Откако Русија ја почна војната во Украина, имаше стравувања дека може да се случи дестабилизација на Молдавија. 

Слично

Поврзани вести