Лавров и Кери не се договорија ништо за Крим
Русија и САД не ја делат визијата за Украина, заклучија американскиот државен секретар Џон Кери и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на средба во Лондон.
Според Лавров, Русија ќе го дефинира својот став кон Крим откако ќе заврши референдумот на полуостровот в недела и ќе ја почитува одлуката на кримските граѓани.
Пет часа траеја разговорите на шефовите на дипломатиите на двете најмоќни земји, но тие не најдоа заеднички јазик за ситуацијата во Украина. Лавров единствено нагласил оти Русија нема намера да изврши инвазија во југоисточна Украина, но го осуди последниот бран на насилство во украинскиот град Доњецк, каде што најмалку едно лице го загуби животот во директен судир на проруски и прозападни демонстранти.
„Крим значи повеќе за Русија отколку што Фолкландските Острови значат за Велика Британија“, рече Лавров, нагласувајќи дека западните земји мора да го имаат предвид и историскиот контекст.
Слично
