Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛАВРОВ ГО КРИТИКУВАШЕ МАКРОН: Зошто Фон дер Лајен ја нарече „фирер“?

ЛАВРОВ ГО КРИТИКУВАШЕ МАКРОН: Зошто Фон дер Лајен ја нарече „фирер“?

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров ја нарече претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен „фирер“ поради тоа што ја мобилизира Европа на повторна милитаризација.

Вели дека ситуацијата се смени кога украинскиот режим го вклучи членството во НАТО во Уставот, укинувајќи ги притоа гаранциите за националните малцинства. 

„Тие кажаа дека НАТО и Европската Унија се иднината на Украина. кога за прв пат почнаа да зборуваат за тоа Европската Унија уште и имаше некаков привид на економска заедница, но сега целосно ја изгуби таа карактеристика. Фирерот Урсула ги мобилизира сите на милитаризација на Европа“, изјави Лавров за американските блогери Марио Науфал, Лари Џонсон и Ендрју Наполитано.

Тој го критикуваше и францускиот претседател Емануел Макрон. Вели дека однесувањето на Франција и Германија во однос на Минските договори е срамно.

Слично

Поврзани вести