Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лавров ги обвини Украинците дека ја нападнале резиденцијата на Путин

Лавров ги обвини Украинците дека ја нападнале резиденцијата на Путин

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров тврди дека Украинците ја нападнале резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин. 

Лавров изјави дека Украина извршила напад со беспилотни летала врз државната резиденција на рускиот претседател во регионот Новгород во текот на ноќта, објавија руските медиуми.

Рускиот министер изјави дека Русија ќе ја ревидира својата преговарачка позиција за да го земе предвид, како што изјави, „конечниот премин на режимот во Киев кон политика на државен тероризам“.

Рускиот министер за надворешни работи изјави дека целите и времето на одмаздата на Русија веќе се утврдени, но нагласи дека Москва нема намера да се откаже од учеството во преговарачкиот процес поврзан со мировниот план.

Лавров потврди дека во моментов нема информации за жртви или материјална штета предизвикана од наводниот напад врз резиденцијата на Путин.

Сè уште не е јасно дали Путин бил во резиденцијата во тој момент. 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека обвинувањето е лага, додавајќи дека Москва го подготвува теренот за напад врз владини згради во Киев.

Украинците објавија дека извршиле напад со дронови близу Мариупол и елиминирале руски војници.

Инаку, Зеленски бара гаранции од САД во траење од 50 години.

Војната почна пред скоро четири години. 

foto printskrin

Слично

Поврзани вести