Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лавров: Германија и Франција не сакаат права за Србите на Косово

Лавров: Германија и Франција не сакаат права за Србите на Косово

Наместо Заедница на српски општини, Берлин и Париз сега предлагаат нова иницијатива која не им дава никакви права на Србите на Косово, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

Со Договорот за Заедницата на српските општини и со Минските договори се пропишани истите права - првото за Србите во Косово, а второто за Русите во Донбас, објави на прес-конференција рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Рускиот министер потсети на зборовите на шефот на европската дипломатија Жозеф Борел дека Русите немаат што да бараат на Балканот и дека треба целосно да се прекинат сите контакти на Москва со Србија и другите балкански земји, пренесува „Спутник“. Тој рече дека во 2013 година во Брисел, со посредство на ЕУ, лидерите на Србија и Приштина потпишале документ за формирање на Заедницата на српските општини.

„Во тој документ за Заедницата на српските општини се вели истото како во Минските договори, само што во случајот на Косово станува збор за правата на Србите, а во Минските договори за правата на Русите во Донбас. И кај двата беа пропишани исти права: право на јазик, образование, право да формираат свои полициски сили, право на глас при назначувањето на судии, право на преференцијални економски врски со соседните региони“, заклучи Лавров.

Шефот на руската дипломатија истакна и дека Организацијата за безбедност и соработка во Европа има многу проблеми. Според него, НАТО се вратил на приоритетите од Студената војна - тие сакаат да ги задржат Русите надвор од Европа.


Слично

Поврзани вести