Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лавров дипломатски - Не е закана за Путин

Лавров дипломатски - Не е закана за Путин

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров засега нема амбиции да се трка против Владимир Путин како кандидат за претседателските избори.

Лавров рече дека верува дека дипломатските активности се најважна работа за него, пренесува ТАСС

„Ќе ви кажам отворено, не за да ласкам, туку искрено, ми одговара да работам со претседателот Путин и има уште многу работи да завршиме, што се однесува до надворешната политика“, рече тој во говорот пред студентите на московскиот Државен институт за меѓународни односи.

Тој додаде дека неговата активност во Министерството за надворешни работи е неговото најважно животно достигнување.


Слично

Поврзани вести