Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛАВРОВ: АМЕРИКА УШТЕ НЕ НИ ПОНУДИЛА ДА ПРОДОЛЖАТ ПРЕГОВОРИТЕ ЗА КОНТРОЛА НА НУКЛЕАРНОТО ВООРУЖУВАЊЕ - Бајден: Преговорите бараат партнер со добра волја

ЛАВРОВ: АМЕРИКА УШТЕ НЕ НИ ПОНУДИЛА ДА ПРОДОЛЖАТ ПРЕГОВОРИТЕ ЗА КОНТРОЛА НА НУКЛЕАРНОТО ВООРУЖУВАЊЕ - Бајден: Преговорите бараат партнер со добра волја

САД сè уште не и понудиле на Русија преговори за контрола на оружјето, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Тие не ни предложија овие разговори да продолжат“, изјави Лавров денеска за време на неговата посета на Мјанмар, а пренесува руската агенција ТАСС.

Договор меѓу Путин и Бајден од февруари 2021 година.

Тоа е замена за Новиот СТАРТ договор за контрола на оружјето, единствениот преостанат таков договор меѓу Вашингтон и Москва. Тој го ограничува нуклеарниот арсенал на двете земји на 1.550 нуклеарни боеви глави кои можат да се користат.

Американскиот претседател Џо Бајден и рускиот претседател Владимир Путин се договорија во февруари 2021 година да го продолжат Новиот СТАРТ. Претходно оваа недела започна конференцијата на Обединетите нации за Договорот за неширење на атомското оружје (НПТ).

Бајден на конференцијата рече дека неговата администрација е подготвена „брзо“ да преговара за нова рамка за контрола на вооружувањето што ќе го замени Новиот СТАРТ кога ќе истече во 2026 година.

„Но, преговорите бараат подготвен партнер кој дејствува со добра волја“, рече тогаш Бајден, додавајќи дека руската агресија против Украина претставува напад врз меѓународниот поредок.

Слично

Поврзани вести