Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

САД ѝ ветија на Русија дека Украина ќе се откаже од дел од својата територија како дел од мировниот договор, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Според него, администрацијата на Доналд Трамп сфатила дека „териториите каде што Русите живееле со векови треба повторно да станат дел од Русија“, пренесе „Телеграф“.

Лавров се осврна на Донецк, Луганск, Херсон, Запорожје и Крим – пет украински региони што рускиот претседател Владимир Путин нелегално ги анектираше во 2022 година. 

Путин побара Украина да се повлече од преостанатиот дел од Донбас, кој се состои од Донецк и Луганск, кој моментално не е под руска воена контрола. Москва, исто така, инсистираше на забрана за приклучување на Украина кон НАТО, а Лавров тврди дека САД го разбираат и ова барање.

Слично

Поврзани вести