Лавров: Американците го погазија меѓународното право и непишаните табуа во дипломатската пракса
Русија ги обвини САД дека тие сакаат сите да живеат по нивни правила.
„САД се тие кои го кршат меѓународното право обидувајќи се да ги натераат сите да живеат според правилата што ги измислиле“, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, пренесува РИА Новости.
Вели дека главниот проблем е што Американците всушност го погазија меѓународното право и непишаните табуа во дипломатската пракса кои постојат со децении. Лавров во интервју за рускиот весник „Аргументи и факти“ вели дека „наспроти геополитичката реалност, САД се обидуваат да го потчинат остатокот од светската заедница, да ги принудат сите да живеат според „правилата“ што самите ги измислиле.
САД не гледаат знаци дека Русија активно се подготвува да употреби нуклеарно оружје во Украина, соопшти во петокот Белата куќа.foto EPA/PAVEL BEDNYAKOV/SPUTNIK/KREMLIN
Слично
